Македонија

СДСМ: Време е пратениците да ги поддржат процесите во Собранието

Граѓаните го кажаа својот став. Осумдесет отсто од сите граѓани и над 90 отсто од оние што гласаа на референдумот јасно кажаа дека се за иднина во ЕУ и НАТО, вели Социјалдемократскиот сојуз преку соопштение испратено до јавноста.

„Процесот продолжува понатаму, сега е време пратениците да ја оправдаат довербата што им е дадена токму од граѓаните и одговорноста да ја почитуваат нивната волја, да ги поддржат процесите во Собранието и уставните измени да бидат усвоени“, наведе СДСМ во соопштението.

Од владејачката партија го повторија ставот дека со предлог-измените се потврдува оти идентитетот, јазикот и македонската посебност се загарантирани и трајно заштитени. Со уставните измени не се губи ништо, туку, напротив, се обезбедува иднина во ЕУ и НАТО, со зајакнат македонски идентитет, кој, конечно, станува признаен од целиот свет.

Време е сите пратеници што се за НАТО и ЕУ, вклучително и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, порачува Социјалдемократскиот сојуз, да не подлегнуваат на притисоци и да гласаат по сопствено убедување водејќи се и од одговорноста на пратеници избрани од граѓаните да ја почитуваат мнозинската волја на граѓаните што се за влез во ЕУ и НАТО со заштитен и загарнтиран македонски идентитет.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток