Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да одговори каква врска имаат лубрикантите со заштитата од ХИВ?

Дали премиерот Зоран Заев и министрите од владата користат лубриканти и за што ги користат е нивна работа. Буџетот и парите на граѓаните се и наша работа. Парите на граѓаните макотрпно заработени не смее да се користат за подмачкување нечие задоволство. Не станува збор за превенција, туку за чист хедонизам и подобро уживање што го препорачуваат Заев и неговите министри, обвини Томи Кепевски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека има стотици дечиња на кои им е потреба помош и нивниот живот зависи од донации преку СМС-пораки и донации на хумани луѓе, Владата распишува тендер за набавка на лубриканти. Набавката на овие лубриканти е потпишана лично од премиерот Зоран Заев. Планирано е да се потрошат, верувале или не, 95 милиони денари (или 1,5 милион евра), пари на граѓаните. Како за споредба, минатата година оваа програма се финансирала со 11 милиони денари“, рече тој.

Уште побизарно е, додаде Кепевски, објаснувањето на Владата дека лубрикантите се набавени за да се делат заедно со презервативи. Ова е уште еден доказ дека луѓето што се во оваа зграда не знаат кај тераат.

„Би сакале од Владата да ни одговорат каква врска имаат лубрикантите со заштитата од ХИВ и како тие ќе спречат ширење на оваа заразна болест? Или обезбедете бесплатно лекување за сите или одете си од власт доколку мислите да им ги расфрлате парите на граѓаните за лубриканти. Македонија веќе не може да ве издржи. Џабе лубриканти“, рече Кепевски.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток