Македонија

4 гласа „За“, 4 „Против“ – Нема заклучок од Комисијата за мандатно-имунитетни прашања

Комисија за деловнички и мандатно имунитетни прашања заврши со четири гласови „За“ и четири „Против“ против одземање на имунитетот на Трајко Вељановски.
Според спикерот н собранието Талат Џафери, За свикување на седница, како основа се зема извештајот со заклучоци. Деловникот не ги предвидува овие ситуации. Јас ќе свикам седница, но за што ќе се гласа во истата? Нема заклучок од Комисијата. За што да расправаме? За што гласаме, за земање или не- земање на имунитет? Не може судот да му предложи на Собранието бидејќи за што е концептот на Комисијата за деловнички прашања, мандат и имунитет? Овие специфички ситуации не ги предвидува Деловникот“.

Но, според СДСМ има основа за свикување седница.

Во моментот на гласање, отсуствуваше пратеникот на ДУИ, Агим Шаќири, како што беше кажано, поради здравствени проблеми. Претседателот на Комисијата, Павле Богоевски сега тежината на одлуката ја префрла кај Собранието.

За барањето на Судот за одобрување на притвор за Велјановски со укинување на имунитетот на пратеникот, Собранието треба да одлучи во рок од три дена. Ова значи дека крајниот рок истекува вечерва на полноќ.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток