Македонија

Катица Јанева: Се надевам дека за 20 дена ќе го видиме Груевски зад решетки

Обвинителката на СЈО, Катица Јанева во гостувањето на Канал 5 рече дека се надева оти поранешниот премиер Никола Груевски кој е правосилно осуден на затвор од 2 години, наскоро ќе го види зад решетки. Според досегашното работно искуство во судот во Гевгелија и текот на роковите по донесување на правосилна одлука, Јанева рече дека очекува до петок да ја добијат одлуката од Апелацискиот суд во Скопје, а потоа откако и Груевски ќе ја добие одлуката, ќе може да отиде во затвор.

„Се надевам дека Груевски наскоро ќе го видиме зад решетки. Тоа, според она што јас го имам како искуство би можело да биде за 20-тина дена. До петок очекуваме пресудата од Апелацискиот суд во Скопје да биде испратена во писмена форма и до СЈО, а по ова и Груевски да ја добие одлуката и да може да замине во затвор“, рече Јанева.

Поранешниот премиер Никола Груевски е осуден на затвор од 2 години за набавката на луксузниот мерцедес. Пресудата му ја изрече Основниот суд во Скопје, а пред неколку дена му беше потврдена и од Апелацисикиот суд во Скопје. По одлуката на второстепениот суд пресудата е правосилна.

Груевски по добивање на одлуката во писмена форма, како и по добивање на упатниот акт ќе треба да се јави во затвор за издржување на затворска казна.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток