„Не е во ред да се враќаат заразни болести во 21 век“, инспекторите не најдоа невакцинирани деца во градинките
Сите градинки ги почитуваат насоките да не се примаат на чување деца кои не се вакцинирнани.
„Извршивме околу стотина инспекциски надзори, детските градинки, предучилишните установи, соработуваат до инспекторите, го почитуваат издаденото решение и објавено е во нивните предучилишни установи. Од извршените контроли до сега, нема констатирано недостатоци. Одговорните лица во градинките, се ажурираат податоците на секое дете. Сега за сега, сме задоволни од самата соработка и од начинот како се спорведуваат надзорите“, кажа директорката на ДСЗИ Рената Младеновска.
Според неа, родителите ќе мора да имаат трпение, бидејќи не е во ред да се враќаат заразни болести во 21 век.