Македонија

Џафери го посети Меѓународниот балкански универзитет

Талат Џафери ќе биде технички премиер до изборите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска го посети Меѓународниот балкански универзитет во Скопје. На средбата со раководството на Универзитетот, научниот и стручниот кадар, премиерот Џафери, беше информиран за функционирањето и тековните активности што се реализираат во оваа високообразовна установа. Универзитетот е составен од 7 факултети, покрива вкупно 65 области во додипломски, постдипломски и докторски студии.

Претседателот на Владата, Џафери изрази задоволство од опстојувањето и функционирањето на Универзитетот истакнувајќи дека, вакви напредно високообразовни институции се од голема важност за исклучителните достигнувања на студентите во понатамошниот нивен професионален развој.

За време на средбата, разговараа и за предизвиците во високото образование во земјата, неопходните реформи и системски решенија, кои треба да се спроведат во образованието, како едни од основните предуслови за продуцирање квалитетен кадар, при што, премиерот посочи дека Владата, секогаш имала и ќе има слух за потребите на образовните установи во кои се гради иднината на земјата.

Претседателот на Владата, Џафери, изврши обиколка на кампусот и го посети Факултетот за дентална медицина, акушерство и медицински сестри, каде годинава е направена најголемата инвестиција за дентална медицина од страна на Универзитетот.

Во рамки на Факултетот е основана и ПЗУ „ИБУ ДЕНТ“ и премиерот Џафери, беше информиран за условите и медицинските услуги коишто се овозможени овде. Од голема важност е современата опрема со која е опремена ординацијата како и експертизата која ја нуди оваа установа во состав на Факултетот, со што на студентите им се овозможува пракса во реални услови.

На почеток