Свет

Се огласија од виенската полиција за снимката за која се сомневаат дека е малата Данка

Портпаролот на виенската полиција Маркус Дитрих, како што јави РТС, изјавил дека проблем бил начинот на кој снимката од девојката која личи на исчезнатата Данка Илиќ стигнала до полицијата и дека се изгубило многу време поради тоа.

„Сведокот ја испратил снимката преку електронска пошта до српската полиција, па српската полиција ја контактирала австриската полиција. Изгубено е многу време, како што пресметав околу 10 часа“, ја пренесува информацијата од полицијата во Виена репортерот на РТС.

Таа додава дека разговарала со Дитрих, кој и рекол дека истрагата е во тек и дека не можат да соопштат детали.

„Работата е што немаат премногу детали… Има видео за настанот што се случи во саботата попладне на трамвајската станица и се обидуваат да ги најдат тие две жени, каква надеж има да се случи, ако се уште се во Виена и ако веќе не отишле во Унгарија или се преселиле во Романија“, вели репортерот.

Таа посочува и дека српскиот амбасадор во Виена е задоволен од соработката со виенската полиција, но дека сите во Виена се плашат дека „премногу неверодостојни информации и загревање“ ќе ги влошат работите.

На почеток