Македонија

Претседателските и парламентарните избори, ќе чинат околу 17 милиони евра

Државната изборна комисија уверува дека се е подготвено за идржување на двојните избори, претседателски и парламентарни.
Изборите според нивните проценки ќе чинат околу 17 милиони евра.

Од денес почнува доставата на доверливиот и недоверливиот материјал до општинските избирачки комисии, кој потоа ќе биде дистрибуиран до избирачките одбори.

Има заинтересираност за медиумско следење на изборите и од страна на меѓународните и домашните набљудувачи. Досега се акредитирани 942 набљудувачи од ОБСЕ, 568 се меѓународни набљудувачи, а од медиумската сфера, има заинтересираност и од странски и домашни новинари.

На почеток