Свет

Мајката на убиецот на бугарската новинарка: Бил дрогиран и пијан, тој призна сè

Осомниченот за убиството на бугарската новинарка Викторија Маринова го признал убиството пред неговата мајка. Тој тврдел дека бил многу пијан и дрогиран кога ја нападнал Маринова, која  брутално ја тепал и силувал пред да ја задави.

Медиумите од регионот ја пренесуваат изјавата на мајката на 20-годишниот Бугарин, Северин Красимиров  кој беше уапсен во Германија, дека  нејзиниот син ја признал вината.

„Tој призна дека го сторил тоа додека бил пијан и многу дрогиран. Тој призна и почна да плаче пред мене, тој не е таков, не можам да го разберам тоа”, изјави Надежда Красимирова на еден бугарски новинар во Германија каде што живее.

Бугарските обвинители го обвинија Северин Красимиров во отсуство поради силување и убиство на новинарката и побараа негова екстрадиција од Германија.

100% съвпадение на ДНК———————————21-годишен е обвинен в изнасилване и убийство,извършени с…

Posted by ДИАЛОГ днес on Wednesday, October 10, 2018

Триесетгодишната Маринова, водителка на емисија за регионални случувања на локална телевизија, беше пронајдена во саботата во паркот во близина на пристаништето во Русе.

„Собравме неколку докази кои упатуваат дека тој е главниот виновник. Красимиров е обвинет во отсуство за две злосторства – силување и убиство со умисла“, изјави државниот обвинител Сотир Цацаров.

Убиството на Маринова ја дигна на нозе цела Бугарија која бара убиецот да биде веднаш казнет.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток