Египетскиот воен суд денеска осуди 17 лица на смртна казна поради учество во бомбашки напади на три христијански цркви и полициски пункт во 2016 и 2017 година, при што животот го загубија повеќе од 80 луѓе.
Покрај тоа, судот осуди и 19 лица на доживотен затвор поради напад врз цркви во Каиро, Александрија и во Танта.
Екстремистите на исламската држава презеде одоговрност за бомбашките напади во Александрија и Танта, а во двата случаеви станува збор за самоубиствени напади во април 2017 година пред Велигден, во кои загинаа 45 луѓе.
Истата екстремистичка група презема дговорност и за напад на капелата пред црквата Свети Марко во Каиро, во декември 2016 година, каде животот го изгубија 28 луѓе.
Меѓу обвинетите се и осомничени за минатгодишниот напад врз контролен пункт во египетската Западна Пустина, при што загинаа најмалу осум полицајци.
