Коментари

ЛАГА: Во ниту еден закон не се предвидува “родител 1” и “родител 2”, наместо “мајка” и “татко”

За сите „загрижени“ и уште повеќе за сите „расположени за шега“ родители под редни броеви, чујте и почујте:

1. Муабетот со „родител 1“ и „родител 2“ наместо „мајка“ и „татко“ доаѓа од Франција, каде што пред две недели беше усвоен закон со кој (читај внимателно) – во документите за евиденција во школите каде што ги пишува основните податоци за децата, по името и презимето на детето нема да стои „татко: тој и тој“ и „мајка: таа и таа“, туку „родител 1“ и „родител 2“. Објаснето е и таму дека тоа не е исфрлање или забрана на термините „мајка“ и „татко“, туку нивна замена со неутрални термини во документите за евиденција и само таму. Бидејќи родителите се еднакви меѓу себе, а и семејствата се еднакви меѓу себе без разлика од колку и какви членови се составени, било одлучено дека нема потреба да се даваат родови улоги во официјални документи во образованието. Надвор од тоа, нормално дека ќе си продолжат да постојат и мајки и татковци, вклучително и во образовните материјали.

За сите „загрижени“ и уште повеќе за сите „расположени за шега“ родители под редни броеви, чујте и почујте:1. Муабетот…

Posted by Goce Trpkovski on Thursday, February 28, 2019

2. Во Македонија и онака тоа одамна не постои, туку се пишува „име, име на еден од родителите, и презиме“, значи веќе имаме родова неутралност во таа евиденција, па гледам не се претворивме во „едниот родител“ и „другиот родител“, уште сме мајки и татковци.

3. Во ниеден предложен или донесен закон или друга одлука не се предвидува замена на термините „мајка“ и „татко“ со „родител 1“ и „родител 2“. Тоа е теза што како прашање „дали ќе се случи“ ја постави политичка партија што е против предлог-законот за заштита од дискриминација, а ја раширија портали што и се наклонети на таа партија со манипулативни наслови од кои се добива впечаток дека тоа е готово донесено решение, а не „сомнеж“.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток