Свет

Американски турист пронајден мртов на остров во близина на Крф: Во Грција исчезнаа уште тројца туристи

Исчезнат американски турист е пронајден мртов на плажа на мал грчки остров западно од Крф, објавија локалните медиуми, пренесува АП.

Тело на маж беше пронајдено на карпеста, прилично оддалечена плажа на островот Матраки од друг турист во неделата. Неговиот домаќин, грчко-американски пријател, го пријавил како исчезнат во четвртокот. Туристот последен пат бил виден во вторникот во кафуле во друштво на две туристки кои после тоа го напуштиле островот.

Веднаш не беа достапни дополнителни детали за жртвата, како што се неговото име или градот во САД каде што живее.

Матраки, кој има 100 жители, е пошумен остров со површина од 3,9 квадратни километри, западно од попознатиот остров Крф.

Ова е последниот во серијата неодамнешни случаи кога туристи загинаа или исчезнаа на грчките острови. Некои, ако не и сите, отидоа на планинарење на многу топло време.

Телото на 74-годишен холандски турист беше пронајдено со дрон на противпожарната служба во саботата, лежејќи со лицето надолу во провалија на околу 300 метри од местото каде што последен пат беше виден минатата недела, како оди со тешкотија на жешкото сонце.

Во петокот, двајца француски туристи беа пријавени за исчезнати на островот Сикинос, релативно изолиран кикладски остров во Егејското Море со помалку од 400 постојани жители. Две жени, на возраст од 64 и 73 години, ги напуштиле своите хотели за да се сретнат.

На почеток