Македонија

Сопружници од Ресен се загинатите во несреќата на Галичица, нивниот син ги пријавил за исчезнати

Вчера регионалниот ЦУК Охрид, извести, во врска со паднатото возило на планина Галичица. полициски службеници од Полициската станица Ресен со помош од параглајдеристи пронашле патничко возило „фолксваген голф“ со ресенски регистарски ознаки и во негова близина биле пронајдени две починати лица.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај лицата, а полициски службеници констатирале дека се работи за М.Х.(59) и М.Х.(56), двајцата од Ресен, за кои на 16.06.2024 во 22.00 часот нивниот син пријавил дека се оддалечиле од домот со возилото.

Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.

На почеток