Македонија

Две лица повредени во несреќа на патот Попова Шапка – Тетово

На 17.06.2024 во 17.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Попова Шапка – Тетово, во с.Гајре, тетовско, четирицикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од М.Р.(39) од с.Порој, тетовско, излетал надвор од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговиот сопатник Е.Н.(32) од с.Порој, констатирани во Клиничка болница Тетово. По овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

На почеток