Македонија

Се појавија и свлечишта: внимателно ако возите на патот Скопје-Тетово

ФОТО Илустрација

Поради обилни врнежи од дожд проследени со град што ги зафатија скопскиот, тетовскиот и гостиварскиот регион на патниот правец Скопје – Тетово – Гостивар наместа има одрони и помали свлечишта и тоа посебно од наплатна станица Глумово до Карпалак и Групчин.

„Кај наплатна станица Желино поради големи колчини на вода на самата рампа сообраќајот се одвива споро што доведува до создавање колони.

Ги молиме возачите за стрпливост.

Апелираме до учесниците во сообраќајот крајно внимателно да управвууват со возилата како и да ја прилагодат брзината спрема условите на патот.

Екипите на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта се на терен и работат на расчистување на критичните места и нормализација на сообраќајот“, велат од ЦУК.

На почеток