Претседателот на Косово, Хашим Тачи изјави дека добил поддршка од францускиот претседател Емануел Макрон дека Косово и Србија треба да постигнат обврзувачка спогодба со реална можност за корекција на границите, што подразбира вклучување на Прешево, Медвеѓе и Бујановац во границата на Косово.
Тачи за TVSH вели дека тоа ќе отвори сигурна евроатланска перспектива за Косово, дека нема да ги зема предвид ограничувањата а основа на етничката припадност, туку дека секогаш ќе се одржува мултиетничноста на Косово и перспективите за изградба на граѓанска демократија во земјата.
Тој додава дека францускиот претседател го советувал и му предложил што поскоро да се склучи договор меѓу Косово и Србија.
