Свет

Зеленски: Цел свет ги чека изборите во Америка, не ги чекајте

Украина во голем страв од пораз, Зеленски нагло ја откажа средбата со Американците

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика американските политички лидери во Вашингтон да не го чекаат исходот од американските претседателски избори во ноември за силно да и помогнат на неговата земја против руската инвазија.

„Сите го чекаат ноември. Американците го чекаат ноември, во Европа, на Блискиот Исток, на Пацификот, целиот свет гледа кон ноември и Путин исто така го чека ноември“, рече Зеленски, говорејќи во Институтот Роналд Реган пред самитот на НАТО.

„Време е да се излезе од сенка, да се донесат силни одлуки… да се дејствува, а не да се чека ноември или кој било друг месец“, рече украинскиот претседател.

На почеток