Скопје

Зголемено присуство на змии во Скопје

Во последните денови, скопјани активно споделуваат видео снимки и фотографии од змии снимени во централното градско подрачје, низ скопските населби и во близина на Градскиот парк во Скопје. Појавата на змии во урбаните средини може директно да се поврзе со нехигиената во градот, пишува „Само прашај“.

Според истражувањето на Ухрин и соработниците, во Македонија живеат 33 вида на влечуги од кои 17 се змии. Зголеменото присуство на змии во урбаните центри може да се должи на намалувањето на природните живеалишта на змиите или пак зголеменото присуство на храна во градовите. Во случајот за Скопје постои голема веројатност да се двете. Во Скопје веќе 10 години активно се уништуваат зелените јавни површини и се врши зголемена урбанизација на Водно и околните шуми со што се протеруваат популациите на змии подолу низ градот. Дополнително, во последните месеци се зголемуваат и жалбите на граѓаните за влошената состојба на градската хигиена. Се забележуваат преполнети контејнери, нечисти улици и отпадоци низ парковите. Сето ова претставува извор на храна за многу видови на глодари, кои пак претставуваат главен извор на храна за змиите.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток