Македонија

Десет пожари на отворено во изминатото деноноќие, од кои три се сѐ уште активни

ЦУК информира дека имаше 10 пожари на отворено во последното деноноќие, и од нив активни утрово се водат 3, во општините Градско, Неготино и Ново Село.

Воздухопловната поддршка од Хеликоптерската единица од МВР вчера беше драгоцена на храбрите пожарникари за да се изгаснат опасните краци на двата активни пожари на отворено коишто имаат поголеми размери. Конкретно, се гаснеше,а и денеска од рано утрово во Општина Градско помеѓу селата Караслари и Црквино, над месност „Венуле“ (нискостеблеста деградирана шума ниска вегетација и дрва) и во Општин Неготино во атарот на с.Пепелиште (ниска вегетација и шума).

Генерално ПП силите имаа и имаат делумна контрола врз големите пожари на отворено во Општина Неготино и Општина Градско со речиси постојаната воздухопловната поддршка од МВР и ги изгаснаа опасните краци на пожарот што загрозува села. Човечки животи не се загрозени.

Денеска од утрово и армискиот хеликоптер со големо ведро е активиран и започна дејство врз пожарот на планината Серта (Конечка планина). каде што утрово од земја гаснат поголеми сили. Инаку, благодарение на вчерашната одлука на Владата со којашто се надмина повеќемесечниот проблем со пилотите на авионите, се очекува денеска (околу 10.00 часот) да му се придружат и 2 или 3 „ер трактори“ на ДЗС.

Утрово започнува гаснењето и на планинскиот пожар на Огражден, на територијата на Општина Ново Село, во близина на бугарската граница, над селото Бадилен кај месноста . Бидејќи се работи за тешко пристапен терен еден полициски хеликоптер на МВР префрли 10 струмички пожарникари во близина на пожарот за да можат да започнат со гаснење од земја додека полицискиот хеликоптер ќе дејствува од воздух.

Инаку, како помош на ПП екипите се вклучени во координација со општинските кризни штабови и мештани кои добро го знаат теренот, иако е непристапен, и им помагаат на пожарникарите. Дел од нив се и неготинските ловците од и ловците од Ново Село Струмичко.

На почеток