Повеќе од 50 луѓе загинаа во лизгање на земјиштето во Етиопија

Од
Објавено на

Најмалку 55 лица загинаа во лизгање на земјиштето во Етиопија.
Локалниот функционер Дагмави Аџел изјави дека меѓу жртвите има мали деца и бремени жени, пренесува АП.
Повеќето од жртвите вчераутро биле затрупани од одрон од кал, а пет лица биле спасени. Како што е наведено, се очекува бројот на загинати да се зголеми додека продолжуваат спасувачките операции.
Одроните се вообичаени за време на сезоната на дождови во Етиопија, која започна во јули и се очекува да трае до средината на септември.
