Македонија

Таравари: Чекаме нов Управен одбор на Фондот, па ќе се прошири позитивната листа на лекови

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска рече дека кога ќе се изберат нови членови на Управниот одбор на Фондот за здравство, на првата нивна седница ќе биде ажурирана позитивната листа на лекови на која нов лек се нема најдено 15 години.

Таравари пред три недели најави дека позитивната листа на лекови ќе се прошири за две недели, што не се случи.

„Нема никаков проблем со лековите, пари има, чекаме уште да се комплетира Управниот одбор. Од наша страна има согласност за позитивната листа“, рече Таравари.

Директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски вчера во Струмица рече дека не е прашање дали Фондот има или нема пари за проширување на позитивната листа за девет лекови.

„Правиме комплетна анализа. На функција сме само 15 дена. Очекувам дека за десетина дена ќе имаме одговор на ова прашање. За 2025  размислуваме разумно во насока следното гледање на позитивната листа да не биде мало дотерување на листата, туку да биде посуштинска, посодржинска промената.“, рече Клековски.

На почеток