Свет

Откриено кога Трамп ќе се согласи на дебата со Камала Харис: Има само еден услов

Трамп со предупредување доколку не се врати во Белата куќа:  националната економија целосно ќе пропадне

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп нема да се согласи на изборна дебата со потпретседателката на САД и најверојатниот кандидат на демократите, Камала Харис, додека демократите официјално не ја номинираат за претседателски кандидат, соопштија од изборниот штаб на Трамп, како што информираат од Порталот Хил.

Откако Харис рече дека е отворена за дебата со поранешниот претседател, директорот за комуникации на кампањата на Трамп, Стивен Чеунг, рече дека со оглед на, како што го нарече, континуираниот политички хаос околу Џозеф Бајден и Демократската партија, деталите за изборите, дебатите не можат да се финализираат додека демократите официјално не се изјаснат за својот кандидат.

Чеунг додаде дека меѓу многумина во Демократската партија постои силно чувство дека Камала Харис е, рече тој, „марксистички измамник кој не може да го победи Трамп, па тие сè уште се надеваат на некој подобар“.

Како доказ за тоа, тој изјави дека поранешниот претседател Барак Обама се уште не ја поддржал Харис, иако се очекува тоа да го стори наскоро.

Чеунг смета дека би било несоодветно да се закажуваат дебати со Харис, бидејќи демократите лесно може да го променат мислењето за неа.

Трамп и Бајден, кој се повлече од трката за реизбор на 21 јули, се договорија да имаат две дебати, од кои едната беше одржана на 27 јуни, а втората беше закажана за 10 септември.

На почеток