Свет

39 повредени во болниците во Ниш и Пирот: Се обиделе да ја избегнат полицијата, па се превртеле, откриени нови детали од несреќата кај Бела Паланка

Во Универзитетскиот клинички центар во Ниш се примени 22 повредени од утринава сообраќајна несреќа кај Бела Паланка, кога кај автопатот Ниш – Пирот се преврте комбе со мигранти, додека во Општата болница во Пирот се примени 17 пациенти.

„Сите се млади мажи, првично никој нема повреди опасни по живот, но додека не се подложат на дијагностика не можеме да кажеме прецизно за степенот на повредите. Од нив 11 засега имаат завршено дијагностика, имаат ортопедски и неврохируршки повреди, сите се свесни“, велат од оваа здравствена установа.

Во Општата болница во Пирот се примени 17 пациенти. Едниот поради сериозноста на повредите е испратен во Ниш.

До несреќата дошло кога комбето со мигранти, кое се движело од правец на Пирот кон Ниш, поради несоодветна брзина за да ја избегне полициската патрола, слетало од коловозот во ендек. Во таа прилика се преврте на страна. Во тек е истрага, се земаат отпечатоци за утврдување на идентитетот на лицето кое го управувало комбето.

На почеток