Свет

„Знаеме да нападнеме“: Блискиот исток е се поблиску до војната од која сите стравуваат, Израел објави дека армијата се подготвува

Началникот на Генералштабот на израелските вооружени сили (ИДФ), генерал Херзи Халеви, денеска изјави дека армијата ја зголемува својата подготвеност за „следната фаза на борбите на северот“, по вчерашниот ракетен напад на Хезболах врз стадион во едно село на Голанската висорамнина, во која загинаа најмалку 12 лица.

„Ние точно знаеме од каде е истрелана ракетата. Ги испитавме остатоците од ракетата на ѕидот на фудбалскиот стадион и знаеме дека се работи за ракета Фалак со боева глава од 53 килограми. Тоа е ракета на Хезболах. Кој истрела таква ракета врз урбана област, сака да убива цивили, сака да убива деца“, рече Халеви во видео обраќањето од местото на настанот, објави „Тајмс оф Израел“.

Тој додаде дека ИД ја зголемува својата подготвеност за следната фаза од борбите на северот, а истовремено се бори и во Појасот Газа.

„Знаеме да нападнеме дури и многу далеку од Израел. Ќе има повеќе предизвици, ќе ја зголемиме нашата подготвеност“, додаде Халеви.

Тој исто така рече дека кога е потребно, ИД дејствува силно. Халеви истакна дека должност на вооружените сили е безбедно да ги вратат жителите на северот во нивните домови, низ целата територија, во Галилеја и Голанската висорамнина.

„Ова е тежок ден, ќе работиме за подобри денови“, рече тој вчера најмалку 12 лица, меѓу кои и деца, беа убиени во ракетен напад на стадионот во селото Мајдал Шамс на Голанската висорамнина. .

Израел го обвини Хезболах за нападот и вети дека ќе возврати, додека либанската милитантна група блиска до Иран ја негираше одговорноста за нападот.

Израел ја зазеде Голанската висорамнина од Сирија во таканаречената „Шестдневна војна“ во 1967 година, а повеќето Сиријци мораа да побегнат или беа протерани, оставајќи само неколку села во кои денес живеат арапските Друзи, наведува ДВ.

На почеток