Над 700 ученици од 27 училишта од целата земја ќе се соберат заедно за време на годишниот настан, кој е поддржан од Мисијата на ОБСЕ, на 13-ти октомври во Скопје. Настанот ќе се одржи во Градскиот парк, кај Школка со почеток од 12 часот.
Учениците кои ги добија грантовите од Фондот Градиме мостови ќе учествуваат на настанот преку песни, спортски активности, драмски и танцови изведби. На настанот ќе настапат музичарите Тони Зен со Флека бенд, како и Канита Сума.
По тој повод министерот за образование и наука Арбер Адеми и Шефот на ОБСЕ Мисијата во Скопје Амбасадорот Клеменс Која ќе се обратат со поздравен говор.
