Скопје

“Побрзо стигнав од Јужен Трипол до Скопје, него од Ѓорче до Центар, секоја чест Данела”, граѓаните гневни за ЈСП, директорот проверува дали чувствува одговорност

Поплаките за превозот со ЈСП, се побројни. На социјалните мрежи граѓаните се жалат на хаосот, а тоа го гледаат и посетителите, како и странските туристи. Болна точка се автобусите и нивното недоаѓање на време, но и честото расипување.

,,Секоја чест JSP Skopje (ЈСП Скопје) Danela Arsovska. Побрзо стигнав од Јужен Тирол до Скопје, одколку од Ѓорче до Центар!!! Секако после маратонско чекање автобус морав да одам со такси на работа (едвај најдов)! До толку ли не можете еден јавен превоз да средите?! Народот не го заслужува овој хаос!”, напиша Силвана Ивановска на својот Фејсбук профил.

“Скопје1” веќе побара одговори од директорот на ЈСП, Драги Кушовски, дали гледа кај себе одговорност за тоа што превозот е и небезбеден. Тој рече: “Ќе проверам” и седум дена не добиваме одговор.

На почеток