(Видео) Објавено видео од моментот кога од урнатините во Лавов беше извлечено телото на 9-годишно девојче
Украинската јавна телевизија „Суспилне“ објави снимка на која спасувачка екипа извлекува тело од урнатините на станбена зграда во Лавов, западноукраинскиот град кој утрово беше нападнат од Руси со хиперсонични ракети.
💔 This is the horrific footage—the moment when rescuers pulled a 9-year-old girl from the debris in #Lviv.
📽️: Suspilne Lviv pic.twitter.com/wV7iNhdG4d
— UkraineWorld (@ukraine_world) September 4, 2024
Да потсетиме, во рускиот напад утринава врз Лавов загинаа седум цивили, а повеќе од 30 се ранети.
Во Лавов, изјави украинскиот парламентарец Олексиј Гончаренко, речиси цело семејство е убиено. „Русија денеска во Лавов уби речиси цело семејство. Жив е само човекот на оваа фотографија. Неговата сопруга и трите ќерки починаа во својот дом“, напиша тој.
After today’s 🇷🇺 attack, the only person in this photo who survived is the man.
Mother Yevheniya and her three daughters — Yaryna, Daryna, and Emiliya — were killed.
Standing in the back is Yaryna Bazylevych. She was 21 y.o. Yaryna worked in our office for “Youth Capital 2025” pic.twitter.com/XmSU3FPEbS— Андрій Садовий (@AndriySadovyi) September 4, 2024
Градоначалникот на Лавов објави дека во рускиот напад загинале мајката на Јевхенија и нејзините три ќерки – Јарина, Дарина и Емилија. Најстарата Емилија имаше само 21 година и работеше во кабинетот на градоначалникот на проектот Лавов – престолнина на младите во 2025 година.