(Видео) Скопјанец се обидел да силува жена: го бркаа и фатија, па претепаа
Млад скопјанец кој се обиде да силува жена во Кисела Вода, среде полноќ. Обидот се случил на булеварот “Борис Трајковски” близу Општината Кисела Вода. Очевидци сведочат дека девојката барала помош, по што се стрчале кон силувачот и почнале да го бркаат. “Скопје1” дознава дека преминале преку булеварот и го стигнале на улица Пушкинова, па го тепале додека не дошла полиција.
“Денеска во 00.40 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода С.Г.(31) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на подрачјето на Кисела Вода се обидел да изврши обљуба врз 30 – годишна жена од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР.