Свет

Едно лице загина, 30 се ранети во рускиот напад на Павлоград

Во руски ракетен напад врз Павлоград, во украинската област Днепропетровск, едно лице загина, а 30 цивили се повредени, меѓу кои и три деца.

„Во Павлоград има 30 ранети, од нив тројца се деца. Осумгодишно девојче, четиригодишно момче и 11-годишно момче“, изјави на Фејсбук гувернерот на регионот Днепропетровск, Серхиј Лисак.

Како што пренесува Укринформ, 18 лица се префрлени во болница, а Лисак изјавил дека две лица се во тешка состојба.

На почеток