(Видео) Пропалестински активисти ги оштетија израелските знамиња во Белград
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како пропалестинските активисти ги оштетуваат знамињата на Израел, кои беа поставени на автопатот во Белград. Да потсетиме, израелскиот претседател Исак Херцог вчера беше во официјална посета на Србија.
Погледнете го видеото на кое се гледа моментот кога активистот го оштетува израелското знаме:
Povodom posete izraelskog predsednika Beogradu, antiimperijalisti poručuju okupatoru da nije dobrodošao!
Smrt imperijalizmu!
Smrt NATO paktu!
Sloboda za Palestinu!
Sloboda za Srbiju! pic.twitter.com/BXQcsq0v7F— Podrška narodu Palestine Srbija (@PalestinaSrbija) September 11, 2024
Како што може да се види на видеото, активистот го симнал знамето и го фрлил.
Инаку, вчера во официјална посета на Србија беше израелскиот претседател Исак Херцог, кој по Србија е во посета на Албанија.