Македонија

Министерот Љутков на билатерална средба со бугарскиот министер за култура Тодоров и на операта „Набуко“

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска престојува во посета на Република Бугарија, како дел од делегацијата предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски.

Во рамките на посетата, министерот Љутков претпладне ќе ја оствари првата билатерална средба со министерот за култура на Бугарија, Најден Тодоров, со кого ќе разговара за досегашната соработка и за можностите за унапредување на културните врски меѓу двете држави.

Во вечерните часови, министерот Љутков ќе присуствува на настапот на Националната опера и балет, која во Софиската опера и балет ќе го изведе моќното ремек-дело, операта „Набуко“ од Џузепе Верди.

На почеток