Република

ГАЛЕРИЈА: Заев со сопругата, Филипче и Анѓушев беа на журка во Струмица

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев присуствуваше на годинашното издание на Струмичкиот карневал, како еден од 7-те најатрактивни зимски настани во Европа, кој го обезбеди своето место на листата на 20-те најдобри улични карневали во светот.

Премиерот Заев заедно со сопругата, и со членови на Владата на Република Северна Македонија, на покана на градоначалникот на Струмица Коста Јаневски, присуствуваа на централниот настан од карневалските свечености и ги проследија стотиците групни и индивидуални маски во духот на традицијата што со децении ја гради оваа манифестација.

Со бројните гости од земјата и од странство како учесници или како посетители, карневалот во Струмица и оваа година потврдува дека е значајна алка во градењето мостови на соработка преку културата и традицијата со сите збратимени градови коишто и оваа година испратија свои делегации на карневалот.

To Top
Close