Повеќе од 700 ученици од 27 училишта од целата земја ќе се соберат заедно на годишниот настан кој ќе се одржи денес во Градскиот парк во Скопје со почеток во 12 часот.
Учениците кои ги добија грантовите од Фондот Градиме мостови ќе учествуваат на настанот преку песни, спортски активности, драмски и танцови изведби. Покрај нив, на настанот ќе настапат и Тони Зен заедно со Флека бенд и Канита Сума.
По тој повод министерот за образование и наука Арбер Адеми и Шефот на ОБСЕ Мисијата во Скопје Амбасадорот Клеменс Која, ќе се обратат со поздравен говор.
