(Видео) Најмалку четири лица загинаа во поплавите во Индија: Затворени училишта и факултети, се очекуваат нови врнежи
Најмалку четири лица загинаа во поплавите во индискиот град Мумбаи, откако некои делови од тој град синоќа беа погодени од рекордни врнежи, а во сила е црвен метеоролошки аларм.
Во некои делови на Мумбај е забележана рекордна количина на врнежи од околу 275 милиметри на метар квадратен, што предизвика прекин во патниот и железничкиот сообраќај, пренесе Ројтерс.
Училиштата и колеџите денеска се затворени во градот, а се очекуваат нови врнежи од дожд, додека властите ги повикаа жителите на Мумбаи да останат внатре.
Снимките од дрон објавени на социјалните мрежи покажуваат заглавени автопати со автомобили.
Сезоната на монсуните генерално започнува во јуни и завршува до 17 септември, но дождовите продолжија и по тој датум оваа година.