Свет

(Видео) Американец веслаше низ дневната соба по минување на ураганот

Ураган од четврта категорија по име Хелен, еден од најсилните овој век, ја погоди Флорида. Засега не се познати последиците бидејќи таму е ноќ, а гувернерот најави дека повеќе ќе знае наутро по локално време.

Жител на Флорида изјави за Си-Ен-Ен дека смета дека бурата нема да биде сериозна.

„Бурата започна прилично бавно, а потоа, бидејќи живеам во близина на водата, одеднаш почна и нивото на водата само се зголемуваше и растеше“, изјави Хелер за Си-Ен-Ен.

Хелер на социјалните мрежи објави видео на кое може да се види како весла низ дневната соба на виолетов кајак, додека околу него лебдат растенија, апарати и мебел.

@mattfromhornblasters.com

Hurricane Helen Tampa Florida Matt Heller from Hornblasters.com house flooding

♬ Storm Coming – Once Monsters

„Тоа беше мојот план за бегство ако работите тргнат наопаку. Имаме два кајака. Не очекував дека ќе ми требаат во дневната соба“, рече тој.

Тој додаде дека во минатото имал поплави дома, но ова е најголемата поплава што ја доживеал.

@mattfromhornblasters.com #LIVEhighlights #TikTokLIVE #LIVE ♬ original sound – Matthew Heller

Хелер подоцна се пошегува дека е типичен човек од Флорида кој поминал многу бури во текот на својот живот.

На почеток