Младо момче загина на патот Тетово-Скопје, излетал од патот со „голф“
Од
Објавено на
На 28.09.2024 околу 20.30 часот во СВР Тетово, било пријавено дека на автопатот Тетово-Скопје, патничко возило „голф“ со регистарски таблици од Свети Николе, управувано од В.З.(24) од Свети Николе, излетало од коловозот.
Во несреќата возачот починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Тетово.
По наредба на Јавен обвинител при ОЈО Тетово, телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид бил извршен од увидна екипа од СВР Тетово.