Македонија

(ФОТО) Граѓани до пратениците: Шовинисти не можат да штитат од дискриминација

Со протест пред Собранието претставници на граѓански организации и здруженија денеска со побараа законот за заштита и спречување на дискриминација итно да биде донесен на денешната седница.

„Денес сме собрнани за побараме итно донесување на законот за заштита од дискриминација на собраниска седница. Овој закон повеќе од 8 месеци е заглавен во собранието. Иако СДСМ ветија дека ќе се усвои во најкус можен рок, сепак точката од дневен ред беше прескокната. Пратениците донесоа низа закони со кои се попречува правдата на шетата на граѓаните. Силно ја осудуваме реториката на ВМРО-ДПМНЕ која ја користат од говорницата. Тие поттикнуваат дискриминација и насилство кон маргинализираните заедници. Ги повикуваме пратениците од СДСМ и ДУИ итно да го усвојат законот за заштита од дискриминација денес и да застаната на страната на граѓаните“, изјави Елена Петровска, национална мрежа за борба протиб хомофобија и трансфобија.

Повеќе од 100 граѓански организации го поддржаа овој закон и побараа негово итно донесување.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток