Македонија

Нова иницијатива: Штом се удоволија желбите за џамијата, бараме и возобновување на црквата Св. Димитрија

Нова иницијатива во Охрид. Охриѓани на социјалните мрежи најавуваат дека ќе покренат иницијатива за конечно возобновување на црквата Свети Димитрија на главниот плоштад во Охрид. Ваква иницијатива како што дознаваме утре ќе предложи и една од политичките партии со десничарска ориентација која е дел од владејачката коалиција.

Денеска и познатиот адвокат Мишел Наумовски и неговиот брат бизнисменот Антонио Наумоски јавно кажаа дека  даваат отворена поддршка за оваа иницијатива. Тие велат дека и финансиски се подготвени да помогнат за изградбата на овој верски храм. Покрај Наумовски иницијативата ја поддржаа и други бизнисмени, кои велат дека за брзо јавно ќе проговорат на оваа тема.

Контактиравме и со директорката на заводот за заштита на спомениците на културата и народен музеј Охрид Елеонора Новаковска. Таа  за Скопје 1 вели дека до овој момент ваква иницијатива не е стигната до заводот, но како што кажа доколку стигне ќе се формира комисија која ќе ја разгледа истата.

Инаку обновата на Црквата Свети Димитрија е заборавена тема од пред десет години, кога се направи обид да се возобнови овој православен храм , чии темели се под плоштадот во Охрид и се прецизно лоцирани во 1961 година.

Денес на плоштадот стои импровозирана црквичка со икони, а тука на тоа место секоја година се слави празникот Свети Димитрија.

Темелите на објектот укажуваат дека се работи за стара ранохристијанска црква која била изградена во VI век, и постоела до доаѓањето на турците, кои во XIII – XIV ја срушиле и врз темелите изградиле џамија, која постоела до 1947 година.

Во 1961 година археолозите, Вера Битракова и Елена Чипанова при истржувањето на темелите утврдиле дека тука била црквата, а пронајдена била и иконата на Св. Димитрија и средишниот мермерен столб.

Во 2005 година се поркена иницијатива за возобновување на црквата но тоа не успеа заради успешен отпор од страна на тогашните власти и Исламската верска заедница. Инаку според проектот за изградба, основата на црквата е со димензии: 17,5 м во должина, 12,5 м во широчина, на две висини и плус петте куполи и камбанарија со градски саат. Ваквата димензионираност се базира на преданијата за изгледот на старата црква.

Денес тука е изграден времен параклис, каде луѓето палат свеќи и донираат пари за обнова на црквата. Патрониот празник Митровден се слави со голема општонародна веселба на плоштадот.

Црквата во повеќе наврати била ограбувана.

 

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток