Република

(ФОТО) По животната приказна на Милош, Димитриевски проби пат до селото

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска на својот Фејсбук профил објави дека се пробива пат до с.Живиње во должина од 6 километри.

Исто така тој во саботата беше во посета на Милош и неговото семејство и изјави дека заедно со градоначалникот на Општина Петровец ќе го реконструираат селскиот пат Колидско – Живиње.

„Во соработка со градоначалникот на Општина Петровец ќе го решаваме проблемот со превозот, семејството на Милош ќе добие дополнителни средства и во следниот период ќе го пробиеме и реконструираме селскиот пат Колидско – Живиње и воедно ќе ги репарираме најоштетените делови на патот Живиње – Сушица.
Заедно со бизнис заедницата ќе упатиме дополнителна материјална помош на семејството со цел да се подобрат животните услови на оваа семејство“, стои во објавата на Фејсбук.

Сторијата за девет годишниот Милош ја објави ТВ24 кој со операција на срце, за да стигне до училиште оди со магаре или пешачи по три часа, а нема пари ниту да направи контроли по извршената операција во Бугарија.

 

To Top
Close