Република

Еден месец од несреќата кај Ласкарци, причината непозната

Денес се навршува еден месец од стравотната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово, кај селото Ласкарци, која однесе 15 човечки животи и го зави Гостивар во црно.

Во несреќата загинаа 15  лица.  Гостиварци се` уште неможат да се помират како во миг ги изгубија своите блиски, роднини, сограѓани.

За потсетување автобусот на Дурмо Турс, кој тргнува кон Гостивар од скопската автобуска станица во 16.15 часот со 51 патник, излета од коловозот, ги проби банкините, паднал и се превртел на стариот дел од патот. Причините за несреќата, се` уште се истражуваат и надлежните институции за сега не откриваат во јавноста што покажале досегашните вештачења, исказите од преживеаните патници и другите материјални докази.

Во трагедијата животите ги загубија:

Дејан Ристоски,

Раметула Абдураими,

Валдете Хамити,

Јовица Трпевски,

Бесим Фетаи, Онур Садику,

Есат Емрули,

Ајдин Исмаили,

Бејза Узеири,

Зоран Давидовски,

Бобан Аврамовски,

Трпана Јаневска,

Павле Костоски,

Арсе Арсоски.

 

 

Најчитани

To Top
Close