Македонија

Богоевски: Ги повикувам сите пратеници, особено оние од ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат амандманите

“Со тоа што Собранието преку Комисија за уставни прашања ги поддржа уставните амандмани со тоа отворен е патот, на пленарна седница пратениците да донесат сопствена одлука за ова историско, важно прашање”, вели Богоевски

“Ги повикувам сите пратеници, особено оние од ВМРО-ДПМНЕ, да се одважат и да ги поддржат овие амандмани со што ќе ја обезбедат евроатланската иднина на нашата држава.

Ние во минатото сме имале најразлични мислења и полемики, сме имале различни дебати и расправи, но секогаш сме имале обединет и заеднички став по ова важно, значајно и историско прашање. Сега е приликата тоа да го покажеме на дело и заедно да го обезбедиме патот кон ЕУ и НАТО”, изјави тој.

Според него, волјата на мнозинството е кристално јасна. Повеќе од 90 отсто од граѓаните што излегле на референдумот ја дале својата поддршка за тоа Македонија да биде дел од ЕУ и НАТО. А со уставните амандмани се потврдува дека не се губи ништо. Напротив, се утврдува идентитетот и се обезбедува негова гаранција, сега и во иднина.

“Се утврдува и неповредливоста на нашите граници и се зацврстува историскиот континуитет на државноста.

Како пратеници исправени сме пред сериозна одлука, и да ги поддржат уставните амандмани на оваа пленарна седница во Собранието”, додава тој.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток