Скопје

Девет сообраќајки за 24 часа во Скопје: Возачи минувале на црвено, со недозволена брзина и неисправни возила

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала 32 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, 12 пред да се стекна т со право на управување на моторно возило, и двајца почетници, како и две технички неисправни и 16 нерегистрирани возила.

Санкционирани биле и двајва возачи кои  поминале на крстосница на црвено светло, еден возач за неправилно престројување, двајца возачи за неправилно престигнување, еден возач за не користење заштитен шлем,  тројца  возачи за не носење сигурносен појас и 20 возачи користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.

Затекнати биле 120 непрописно паркирани возила, а со специјалното возило „пајак” биле отстранети 97 возила.

Во текот на денот Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукатини работилници во ООУ „Гоце Делчев” на подрачјето на општина Аеродром, со ученици од второ и четврто одделение, во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот”.

Одделението за превенција денеска ќе реализира посебна воспитна мерка сообраќајна поука, на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на возачи (мобилен, појас).

Најчитани

To Top
Close