Коментари

Ременски ја спори логиката на Мицкоски за „27 април“

Пратеничката од редовите на СДСМ, Фросина Ременски негодува оти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека обвинетите за „27 април“ се невини и жртви на прогон.

„Види логика еј? Мицковски судењето за 27 април и притворот за Чавков го споредува со судењето на нацистите во Нирнбершкиот процес и истовремено тврди дека обвинетите за 27.04 и Чавков се невини, жртви на прогон и големи патриоти? Алоооо, и судените во Нирнберг да не беа невини, прогонувани и патриоти? Каде и која му е логиката на оваа споредба и “навигација”? Нека му каже некој да прочита повеќе за Нирнбершкиот процес, сведочењата обвинетите, оправдувањата што си ги давале за злосторствата и сл. Единствената можна компарација со Нирнберг е потврдата на функционирањето на “теоријата на штрафови и запчаници” и “за одговорноста” што од овие процеси ги објасни големата Хана Арент.  Но, Хана Арент очигледно не е литература за Мицковски“, напиша Ременски.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток