Република

Кардиохирургот Петар Ристески со свое предавање во Мастрихт

Македонецот Петар Ристески кој 15 години работи на Клиниката за таракална и кардиоваскуларна хирургија при универзитетот „Џон Волфганг Гете“ во Франкфурт продолжува со активно учество на светски научни собири.

Тој во периодот од 8 до 10 март на 24- Европски васкуларен курс во Холандија одржа предавање за минимално инвазивен третман на опсежна аорта и на аортниот лак. На конгресот во Мастрихт беа  презентирани најновите достигнувања во кариохирургијата.

Петар Ристески на овој научен собир учествуваше по покана на претседателот на конгресот, професор доктор Мишел Јакобс.

Во рамките на конгресот, др. Ристески изведе обука на кариохирурзи, учесници на конгресот, за оперативниот третман со оваа нова, иновативна и оперативна техника.

 „Ваквите настани се одлична можност за размена на знаења и искуства меѓу кардиоваскуларните хирурзи од различни страни на светот, како и можност за примена на нови технологии, методи и техники во решавање на најкомплексните проблеми од областа на кариоваскуларната хорургија“, рече доктор Ристески.

Ристески е македонски кардиоваскуларен хирург кој  15 години работи на Клиниката за таракална и кардиоваскуларна хирургија при универзитетот „Џон Волфганг Гете“ во Франкфурт, Германија. Од 2015 година, тој е шеф на оддел за аортна хирургија.

Најчитани

To Top
Close