Правда

ОЈО: Главна причина за несреќата е недозволена брзина и неисправност на сопирачките

Јавниот обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје, Сашо Рајчев  на прес-конференција ги презентира информациите за текот на постапката во врска со автобуската несреќа кај Ласкарци. Седум лица се приведени за автобуската несреќа кај селото Ласкарци, меѓу кои и сопственикот на компанијата „Дурмо турс” и возачот на автобусот . Обвинителството бара да се отвори истрага за шест од нив, а за седмото лице бара мерка на претпазливост.

Според Рајчев главна причина  за несреќата е недозволена брзина и неможноста возачот  навреме да реагира, но и неисправноста на уредот за сопирање. Според вештите наоди рече Рајчев, евидентирани се кочења, но откако возачот ја поминал заштитаната ограда.

„Вештите лица кажуваат дека шоферот изгубил контрола над управувачот, а придонес за тоа се брзината и потоа во одбегнувањето на незгодата, неисправноста на сопирачките за да го запре автобусот.“, истакна обвинителот Рајчев.

Основното јавно обвинителство Скопје ги гони приведените за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Овие лица, како што соопштија од обвинителството во моментов се во полициска станица, по што ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основсниот суд Скопје 1 и за нив обвинителството ќе бара мерка притвор.

За седмиот осомничен кој издал документација дека работи тахометарот, иако не била направена проверка, ОЈО ќе бара мерки на претпазливост. Тој ќе одговара за несовесно работење во служба.

Инаку и во јули 2018 биле евидентоирани недоследности во уредите на сопирачки на овој автобус, но сепак му било издадено одобрение за исправност.

Несреќата се случи на 13 февруари кога автобусот на „Дурмо турс” со 51 патник излета од патот Тетово-Скопје и падна во провалија откако ја проби заштитната ограда на автопатот.

Најчитани

To Top
Close