Македонија

Рајчев си ја отвори душата: ОЈО нема нема истражен центар, нема истражители, недостасуваат обвинители

Додека цела Македонска јавност еден месец очекуваше одговор од обвинителството, за причините поради кои се случи автобуската несреќа кај Ласкарци, обвинителството призна дека мака мачело за да обезбеди кадар кој треба да излези на терен и да ги собери доказите за несреќата.

„Со оглед на тоа дека станува збор за доста обемна предистаржна постапка , работат 2 обинители , бидејќи ова во Скопје е најголемо обвинителтво и покива 90 % од криминалот во Македонија, нема истражен центар, нема истражители, недостасуваат 16 јавни обвинители . По систематизација од 85 стручни работници имаме само 16, од 35 дактилографи по систематизација имаме само 10. Оваа година завршивме со долг од над 9 милиони денари , за вештачења, преводи …  По наредба побаравме 3 истражители од МВР и ги добивме,  за обемната постапка за несреќата кај Ласкарци, истакна обвинителот Сашо Рајчев, на денешната пресс конференција на која еден месец по автобуската несреќа најголема во земјава, беа соопштени детали за истата.

Прашање кое се наметнува, зошто недостасувале 16 обвинители и кадар во ОЈО, кога во целата држава се вработиваат партсики кадри во админситрацијата и роднини на фунцкионери?

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток