Правда

20-годишниот Никола Саздовски, починал по силен удар, а не од пад или удар на асфалт

Со сослушување на вешто лице од судска медицина, предложен од обвинителството за дополнително изведување докази по реконструкцијата на настанот, денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето на Бесир Беља и Скендер Демири, обвинети за убиството на 20-годишниот Никола Саздовски – Саздо.

Според вештакот кој ја презентираше направената реконструкција на несреќата Саздовски починал по силен удар.

– Сега покојниот починал по силен удар, а не од пад или удар на асфалт или кутија, со оглед дека на телото не се констатирани никакви повреди од пад на тврда подлога, што е наведено и во претходните вештачења и искази пред овој суд, истакна вештакот.

Случајот го води судијката Даниела Алексовска-Стојановска, и на почетокот ги повика обвинителството и одбраната доколку имаат дополнителни докази да ги предложат, со оглед дека е исцрпена листата на предложени докази по извршениот увид во списите од реконструкцијата на настанот.

Судот го одби предлогот на одбраната за повторно сослушување на вештото лице, поради како што во вештачењето не било побарано тоа лице да вештачи во однос на болката и интензитетот на страдање на сега починатиот, туку во својот исказ тој само се повикува на вештачењето изработено од судска медицина.

Обвинителството изрази противење на ваквиот предлог, со оглед дека вештото лице е веќе сослушно и се има произнесено за болката и страдањето.

Инаку Саздовски почина на 9 јули 2018 година на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – Карил во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Двајцата од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, а за третоосомничениот, кој сè уште е недостапен за органите на прогонот, е распишана домашна и меѓународна потерница.

To Top
Close