Македонија

Шуга во средно училиште во Охрид, заразени деца – дури сега се дезинфицира

Најмалку еден ученик од ЕМУЦ Св. Наум Охридски е заразен од шуга, потврдуваат за Скопје 1 од една од здравствените установи во Охрид. Соучениците биле пуштени дома, затоа што училницата  и училиштето се дезинфицира во моментов.

Скопје 1 се обрати и до локалната самоуправа, од каде не информираа дека информацијата ја дознале од нас. Тие велат дека до овој момент никој од училиштето не ги информирал.

Дијагнозата била констатирана пред два дена, кај родител и ученик. Дознаваме дека утрово бил дезинфициран домот на ученикот.  Според прописите сите лица со кои бил ученикот во контакт мора да одат на прегледи. Тоа значи дека сите ученици и вработени во училиштето, како и сите со кои заразениот/заразената биле во контакт овој период.

Но, се наметнува прашањето, зошто раководството на училиштето не ја информирало локалната самоуправа за овој проблем?

На ова прашање ќе мора деновиве одговор да дадат одговорните лица од УМУЦ Св. Наум Охридски.

Инаку Шуга е состојба на иритирана кожа. Болеста може да ги зарази сите возрасни групи без разлика на социјалното ниво. Предизвикувач е паразитот sarcoptes scabiei var. Децата се најизложени на оваа болест. Паразитот надвор од човечкото тело живее 2-3 дена.

Паразитите се шират со близок контакт со заболено лице, преку користење на заеднички крпи, чаршафи и други лични работи. Најчесто во фамилијата заболуваат повеќе членови. Може да се пренесе уште пред да се појават првите симптоми.

Кај имуно компетентен домаќин, scabies предизвикува интензивно чешање, кое доминира ноќе. Знаци на шуга се чешање, појава на макулопапулозни промени, кај доенчиња можно е були и пустули (плускавци и гнoјаничиња) кои ја маскираат клиничката слика. Паразитот најчесто е локализиран на дланките, стапалата, долниот дел на стомакот, внатрешна страна на рачен зглоб, преден дел на пазуви и препони, а може постепено да се генерализира ако подолго време трае заразата.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток