Република

Денес ќе се изречат казните за Чавков и другите обвинети за „27 април“

Митко Чавков заедно со останатите 17 обвинети, денес ќе треба да ја слушнат пресудата од Кривичниот суд, како и можната казна за крававите инциденти. Предметот го води судијката Добрила Кацарска.

Судскиот процес почна во август минатата година. На почетокот процесот почна против 33 обвинети, кои беа извршители на упадот во парламентот и на нападите врз пратениците. Но, по донесувањето на Законот за амнестија помилувани беа 15 лица.

На обвинителна клупа останаа Митко Чавков, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Митко Пешов, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Оливер Радулов, Игор Дурловски, Јане Ченто, Игор Југ, Александар Василевски-Нинџа, Никола Митревски-Кољо, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски, кои се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок.

Ексминистерот за внатрешни работи, Митко Чавков по трет пат е во притвор поради опасност од бегство. Имено, минатиот пат, кога Чавков заврши во затворот во Шутка, тој штрајкуваше го глад, а познато е дека тој има и здравствени проблеми.

To Top
Close