Видео и Фото

Владо приреди спектакл: Со „Нусе“ ја размрда публиката, на „Чаирска романтика“ се играше валцер (Видео+Галерија)

Заедно со публиката во еден глас, вчера, Владо Јанески ги пееше неговите најголеми хитови. Присутните од сите возрасти танцуваа и се забавуваа, а Јанески прослави 25 години кариера на музичката сцена. Концертот во организација на „Прагма продукција“ ќе остане запаметен по одличната атмосфера и исполнетата ВИП Арена.

Со понудениот репероар, Јанески ја потсети публиката на „Чаирска романтика“, „Дома си е дома“, „Ова е наше Скопје“, легендарните „Нусе“ и „Мучос денарос“, „Не заборавај да се сетиш на мене“, евровизиската „Не зори зоро“.

Романтичарот ги разнежни срцата на публиката која растела со неговите песни, па така, дел од нив, концертот го искористија за танц со саканите.

Коментирајќи ги озборувањата на социјалните мрежи, како најава за „10 девојки“, Јанески потсети на интересен твит кој го кажа низ насмевка.

„Кога Владо Јанески кој е геј можел да има 10 девојки, можеш и ти“, рече Јанески.

Владо на сцената беше дочекан со громогласен аплауз, а неговите обожаватели со вклучени телефони правеа снимки од концертот. Тој рече дека дел од песните најубаво се пеат во Скопје.

„Да ни остане оваа дружба, да биде традиција. И секако, да се гледаме секоја година“, рече Владо за време на концертот.

Пред да ја отпее „Црно тиквешко“, му се заблагодари на композиторот и негов долгогодишен соработник Глигор Копров за целата помош која му ја дал низ годините. Тогаш, се исклучија сите светилки, а публиката ја осветливаше салата со телефони.

За време на свирката го придружуваше охридскиот вирутоз на гитара Дамјан Пејчиноски. Придружен вокал му беше и Стево Чипишевски. Позади клавијатурата застана Влатко Плевлеш.

Од овој ден“, Јанески ја прогласи за свадбарска песна, а однапред изјави дека ги одбил сите покани да настапи на свадби.

По првата пауза на концертот, Владо се симна меѓу публиката во стилот на Лепа Брена во 80-те години. Тој се забавуваше и фотографираше со нив.

На крајот, Владо Јанески доби громогласен аплауз. Публиката беше презадоволна од приреденото, организирано од „Прагла продукција“, а во салата гласно се коментираше за чаирскиот романтичар. Погледнете дел од атмосферата, во продолжение…

Владо приреди спектакл: Со „Нусе“ ја размрда публиката, на „Чаирска романтика“ се играше валцер

Владо приреди спектакл: Со „Нусе“ ја размрда публиката, на „Чаирска романтика“ се играше валцер

Posted by skopje1.mk on Sunday, March 17, 2019

ФОТО и извештај: Скопје1.мк

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток